1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Дрезден отворен нов воен музеј

19 октомври 2011

Музејот е комбинација од старото и ново здание што го проектираше американски архитект Даниел Либескинд. Музејот го претставува новиот поглед кон насилството и војната и отвори многубројни дискусии на оваа тема.

https://p.dw.com/p/12vFa
Фотографија: DW/Arnold

Нов аспект. Тоа е идејата на новиот необичен воено-историски музеј на Бундесверот. Освен тоа, тој отвара нов поглед на стариот дел од градот во Дрезден кој беше целосно уништен во бомбардирањето од страна на сојузниците пред крајот на Втората светска војна. Средиште на новиот музеј е вградениот и прооден клин, долг 30 метри. Матиас Рог, директор на музејот објаснува: „Врвот на конструкцијата се наоѓа точно на местото кое беше осветлено од британските бомбардери и врз кое фрлаа бомби во ноќта меѓу 13 и 14 февруари 1945 година. Тогаш стариот дел од Дрезден беше претворен во прав и пепел. Овде не зборуваме само за жртвите или само за сторителите, туку од музејот испраќаме порака дека на едно место се вкрстуваат сите линии и дека луѓето се тие кои страдаат, се’едно на чија страна се наоѓаат и се’едно дали се тоа Полјаци, Германци или, пак, припадници на некој друг народ...“, вели директорот Рог...