1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Даблин започнаа свеченостите за проширена ЕУ

1 мај 2004

Синоќа во Ирска започна одбележувањето по повод проширувањето на Европската унија. Денеска се очекува околу 100 илјади луѓе да присуствуваат на народното славје со знамиња од сите 25 земји-членки, како и од Романија, Бугарија и Турција.

https://p.dw.com/p/AcNr
Знамето на Европа во цела Европа
Знамето на Европа во цела ЕвропаФотографија: AP

Со екот на камбаните и со голем огномет Ирска синоќа ги поздрави десетте нови членки на Европската унија. Во 22 часот по локално време, односно полноќ на Балтикот, голем дожд од ѕвезди го осветли Даблин. Француски уметници за огномети го обоија небото во сите бои што ги содржат знамињата на 25 –те земји членки. Во квартот со кафеани Темпл Бар се сретнаа жедните славеници со уличната музика.

Денеска на народното славје се очекуваат околу 100 илјади луѓе од 25-те змеји членки, како и земјите кандидати Романија, Бугарија и Турција. За безбедноста на целата манифестација во Даблин се грижат 5 илјади полицајци и 2 ипол илјади војници, најголемата полициска акција во историјата на Ирска. Бидејќи се страхуваше од насилни манифестации на противниците на глобализацијата, од искусната Северна Ирска се донесени екстра големи фрлачи на вода. Поради таквите страхувања официјалната прослава на проширувањето со 25-те шефови на држави или влади нема да се одржи надвор, туку во сала, во херметички опколеното седиште на ирската претседателка Мери Мекалис. Таму попладнево за првпат официјално ќе биде поставени знамињата на сите членки на ЕУ. Ирскиот премиер Берти Ахерн вчера изјави дека 1 мај го одбележува неотповикливиот крај на неприродната поделба на Европа.