Во Германија 983 Македонци гласале за европскиот пратеник во Собранието
27 април 2014
Вториот круг од претседателските избори и гласањето за пратеник од европската дијаспора во македонското Собрание вчера наиде на добар интерес од страна на Македонците кои привремено живеат во Германија. Во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин, Бон и Минхен излезеноста беше далеку поголема од пред две седмици. За новиот шеф на државата гласале 312 Македонци од во законскиот рок пријавените 499, додека за парламентарните избори и кандидатот на европската дијаспора во македонското Собрание се изјасниле 591 од евдентираите 2.185 лица.
Најголем бил одзивот во Минхен. За идниот претседател гласале 67,24 проценти ( 117 лица), додека за предвремените парламентарни избори се изјасниле 315 Македонци од пријавените 628 со што излезноста била 50,31 процент.
И во Бон имало големо интересирање за избор на пратеник на европската дијаспора во Собранието – гласале 415 од пријавените 870 Македонци (47,70 проценти). За претседател тука гласале 56 проценти од пријавените 125 лица.
Во Берлин каде имало најголем број пријавени за гласање за претседател (200), на изборното место излегле 125 лица, односно 62 проценти.За кандидатот за Европа во идното Собрание се изјасниле 252 Македонци што од регистрираните 687 Македонци е просек на излезеност од 36 проценти. И во трите изборни места немало проблеми во текот на гласањето.
Изборниот материјал од тритте гласачки места во дипломатско-конзуларните претставништва во Германија, во текот на денешниот ден ќе биде пренесен во Македонија и предаден до ДИК.