1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан убиена германска новинарка

АТ/дпа/афп/ртр4 април 2014

Во инцидент во полициска база во источноавганистанската провинција Хост е убиена германска фоторепортерка. Нејзината канадска колешка е тешко ранета. Причините за инцидентот се непознати.

https://p.dw.com/p/1Bbrs
Ања НидрингхаусФотографија: picture-alliance/dpa

Еден ден пред парламентарните избори во Авганистан на истокот на земјата е убиена Ања Нидрингхаус, германска фоторепортерка. Таа била застрелана од полицаец, соопштија властите од провинцијата Хост. Според други информации станува збор за „маж во униформа“.

Во инцидентот била тешко повредена и кандската новинарка Кети Генон, соопштија властите. Двете жени работеа за американската новинска агенција АП и имале долгогодишно искуство во регионот и во други конфликтни области. Според информации на властите, нападот се случил во полициска база.

Позадината за индицентот во реонот Танаи не е разјаснета. Двете репортерки отпатуваа во Хост за да известуваат за време на претседателските избори во Авганистан.

Првиот круг претседателски избори се одржува утре (05.04.). Пред гласањето радикалноисламистичките талибанци ги зајакнаа нападите. Тие се закануваа дека ќе ги бојкотираат изборите и дека ќе ги попречуваат со насилство. Безбедносната состојба во Авганистан е тензична.

Нидрингхаус од 2002 година работеше за АП. Во 2005 година заедно со нејзиниот тим фотографи во агенцијата ја доби Пулицеровата награда за нејзиното известување од Ирак. Изминатиот месец еден шведски репортер беше застрелан на улица во Кабул.