1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владимир Путин за Косово

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgeW

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека до еднострано прогласување независност на Косово може да дојде само со поддршка на запад, пренесува денешен Московски комсомолец.

Меѓутоа, вели Путин, во тој случај запад ќе ја сноси и одговорноста за последиците.

Изјавата Путин ја дал во Сочи пред 46 политиколози и аналитичари експерти за Русија од повеќе земји во светот, меѓу кои и од САД, Канада, Кина, Јапонија, Велика Британија, Германија и други.