Вестервеле: Видеото нема никаква врска со нас
17 септември 2012Дојче веле: Господине министер, што ќе им порачате на луѓето, кои во арпскиот свет се чувствуваат навредени поради видеото, дали опрвдано или неоправдано? Што е Вашата порака до овие луѓе?
Гидо Вестервеле: Видеото е штетно и со нас Германците, и воопшто со нас западните демократии, нема никаква врска. Ние сме земја, која се залага за релгиозна плуралност и толеранција. Меѓутоа ова видео не е никакво оправдување за насилство.
Дали она што се покажува на протестите е познатиот „гнев на народот“ или тие се насочувани од некого?
Мислам дека тоа ќе го дознаеме дури по извесна временска дистанца. Некои работи со сигурност се оркестрирани, другото е спонтано. Но, едно е сигурно - мнозинството луѓе во погодените земји протестираат мирно и се вели дека насилството во никој случај не е добро.
Што можете да сторите за да спречите вакви „навредливи видеа“? Она што еднаш е на интернет, неможете да го отстраните ниту со германското правосудство?
Да, важно е исто така да одлучиме, на пример, да не дозволиме влез во земјата на одредени проповедници на омраза. Тоа е знак, кој го испраќаме во светот. Тоа што од правен аспект постојано ќе укажуваме дека навреди на други религии, кои се во состојба да го попречат јавниот мир, кај нас се казниви дела. За тоа постојат одредени причини. Јас очекувам да биде искажан истиот респeкт кон другите религии, исто така и кон муслиманите и луѓето од исламска вероисповед. Тоа во моите очи е многу важно.
Што можете да сторите за заштита на германските амбасади и институции во погодените земји?
Соодветно на ситуацијата ги зголемивме безбедносните мерки, но молам за разбирање, што од безбедносни причини неможам да изнесам повеќе детали.
Нема нешто, што како превентива може да се стори? Не може да се спречи такво нешто повторно да се случи?
Направивме што можевме. Повеќе не можам да кажам за ова, не би сакал мерките кои ги преземавме да станат јавни.