„Венус Експрес“ стигна до Венера
11 април 2006За инженерите од Контролниот центар на Европската вселенска агенција во Дармштат часови на напнатост,зашто испраќањето на мала сонда во орбитата на голема планета не е едноставно.
Европското прво рандеву со сестринската планета се посреќи:ние сме фатени од Венера,радосно соопшти шефот на ЕСА,Жан Жак Дордан.Со речиси 30 илјади километри на час вселенската сонда Венус Експрес стигна до Венера,потоа се откачи погонскиот дел,Венера ја фати сондата со гравитацијата во својата орбита.Европа сега има така да се рече вештачка месечина околу Венера,оддалечена 120 милиони километри од земјата.Герхард Швем,раководителот на Одделот за планетарни мисии при ЕСА:
-Се добро се вклопи.Тоа беше критичен момент,сондата да стигне во орбитата.Сега сме во центарот на настаните,можеме да ја користиме сондата.Уште следните часови ќе се обидеме да ги добиеме првите научни податоци.
А за откривање на Венера има многу:
-Венера е многу интересна планета,има густа атмосфера со процеси кои не ги разбираме сосема.Атмосферата рорира многу побрзо отколку кај другите планети.Венера е позната и по ефектот на стаклена градина.Сакаме да знаеме што на неа с еодвива поинаку отколку на земјата,а во тоа ќе ни помогне Венус Експрес,вели Швем.