Венецуела ја зголеми цената на бензинот за 1300 проценти
19 февруари 2016Долги редици пред бензинските пумпи. Сите во Каракас ноќеска се обидуваа уште еднаш да наполнат евтин бензин. Зашто, од денеска цените се енормно повисоки.
Литар бензин сега наместо 0,07 боливари, чини цел еден боливар, што е зголемување од 1300 проценти.
Иако еден боливар не е којзнае колку пари, за луѓето е тоа само почеток.
„Ние, граѓаните на Венецуела, минуваме низ социјална и економска криза. Цените на храната се веќе високи и знаеме дека ако се зголеми цената на бензинот, ќе се зголемат и трошоците за јавниот превоз и други работи.“
Притоа, бензинот сѐ уште е поевтин од едноставни прехранбени намирници.
Еден литар бензин чини помалку од литар млеко, еден леб, килограм домати или два литра Кока-кола.
Овде можете да го погледнете видеото:
Порастот на цената не е популарна мерка, тоа го знае и претседателот Мадуро. Затоа, пред камерите, тој го образлага овој важен чекор.
Нагласува дека зголемувањето на цената на бензинот е неопходна за да се финансираат важни социјални реформи.
На Венецуела, поради ниската цена на нафтата, ѝ снемува пари. Со зголемување на цената на бензинот владата се надева на зголемување на приходите од околу 700 милиони долари годишно.