1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон останува „близок партнер“ на Ријад

СН/ агенции
21 ноември 2018

Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека вмешаност на саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман во убиството на новинарот Џамал Кашоги е можна, но не е докажана.

https://p.dw.com/p/38di8
Riad Donald Trump Mohammed bin Salman
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Vucci

Американската разузнувачка служба (ЦИА) не успеа со сигурност да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

„ЦИА се осврна на тоа прашање, но не најде сигурно апсолутно ништо“, изјави за новинарите Трамп во Белата куќа.

Американскиот претседател пред тоа изјави дека не ја исклучува можноста за вмешаност на саудискиот престолонаследник во убиството на новинарот Џамал Кашоги, но додаде оти тоа нема да влијае на „беспрекорните односи“ меѓу САД и Саудиска Арабија.

Повеќе на темата:

-Истрагата во случајот Кашоги се одолговлекува

-Саудискиот принц лично го наредил убиството на Кашоги?

-Забрана за влез во САД за осомничените во случајот Кашоги

Jamal Khashoggi
Фотографија: Getty Images/C. McGrath

Трамп повторно се осврна на улогата на Саудиска Арабија како сојузник на САД против Иран и како деловен партнер. „Земјата беше извонреден сојузник во нашата многу важна борба против Иран", истакна тој. „САД имаат намера да останат близок партнер на Саудиска Арабија", рече американскиот претседател.

Кашоги (59), кој беше критичар на саудиската власт и пишуваше за Вашингтон пост, е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отишол да извади документи потребни за склучување на брак со турска државјанка.