1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вардар се бори за дуел со Дебрецин

БГ/макфакс25 јули 2012

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар вечерва во Скопје го играат реванш дуелот од квалификациите во Лигата на Шампионите против Бате Борисов. Доколку победат, во следното коло ќе играат против унгарскиот Дебрецин

https://p.dw.com/p/15eJ8
Фотографија: Petr Stojanovski

На првиот дуел во Белорусија, Бате Борисов славеше со 3:2, и тоа со пресврт во последните минути од мечот кога домаќините постигнаа два погодока. На Вардар ќе му биде доволна и минимална победа од 1:0 за да обезбеди пласман во следното квалификациско коло.

Таму го очекува унгарскиот првак Дебрецин, кој немаше поголеми проблеми во синоќешниот реванш дуел против албанскиот Скендербег и славеше убедлива победа од 3:0.

Најголемото изненадување во втората рунда од квалификациите во Лигата на шампионите го приреди луксембуршкиот претставник Дуделанж кој синоќа го елиминираше австрискиот првак Салцбург. Дуделанж имаше предност од 1:0 од првиот меч на домашен терен, а во реваншот во Австрија во драматичен меч загуби со 4:3.

Во останатите вчерашните дуели беа постигнати следните резултати:

Шахтјор Караганди-Слован Либерец 1:1 (прв натпревар 0:1)

Вентспилс-Молде 1:1 (0:3)

Салцбург-Дуделенж 4:3 (0:1)

Хапоел Киријат-Жилина 2:0 (0:1)

Екранас-Шамрок Роверс 2:1 (0:0)

Шериф-Улисес 1:0 (1:0)

Зестафони-Нефчи 2:2 (0:3)

Базел-Флора Талин 3:0 (2:0)

Дебрецин-Скендербег 3:0 (0:1)

Партизан-Валета 3:1 (4:1)

Железничар-Марибор 1:2 (1:4)

Рејкјавик-Хелсинки 1:2 (0:7).