1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Се нудат „вакцини духови“

ЕМФ | дпа
25 февруари 2021

На држави во цел свет им се понудени 400 милиони вакцини кои не доаѓаат директно од производителите. Во нив би можело да има и солена вода, велат ЕУ-иследници.

https://p.dw.com/p/3prvl
Deutschland | Coronavirus | Impfstoff Schott
Фотографија: Schott

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Европол почнаа истрага во врска со т.н.„вакцини духови“. Тоа се  „опскурни понуди“ на вакцини кои веќе стигнале до „многу шефови на држави или влади“, се вели од кругови на Европската комисија. За овој проблем треба да стане збор и на денешниот видео-самит на шефовите на држави или влади на ЕУ.

Според проценки на ОЛАФ, 400-те милиони вакцини коишто се нудат се во вредност до три милијарди евра, но она што е непознато е дали се тоа навистина вакцини, или, како што се вели, „солена вода во мали шишенца“.

Повеќе:

Праведна распределба на вакцини за сите, по секоја цена!

Вакцинација: ЕУ ја прилагодува својата стратегија кон корона-мутациите

Се бараат казни за оние кои се туркаат за вакцина преку ред

Весникот „Билд“ денеска пишува дека приватен посредник пред неколку дена на голем број влади преку имејл им понудил 100 милиони вакцини од британско-шведскиот производител АстраЗенека. Посредникот е лице кое веќе претходно нудело и опрема за заштита од коронавирус и кое е познато во голем број германски институции.

Coronavirus | Oxford-AstraZeneca Impfstoff
„Билд“: Приватен посредник на голем број влади преку имејл им понудил 100 милиони вакцини од АстраЗенекаФотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

Портпарол на германското Министерство за здравство, според „Билд“, потврдил само општо дека во изминатите денови германската влада добила понуди со „различна сериозност“ од приватни посредници на вакцини. Германија, која е поврзана во механизмот за набавка на вакцини на ЕУ, не прифатила ниту една од овие понуди.