1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Вакцина за сите по фер цена“

СК/НР
2 мај 2020

ЕУ собира милијарди евра со идеја - вакцината против коронавирусот еден ден да им биде достапна на сите. Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за ДВ вели дека е потребен Маршалов план за ЕУ.

https://p.dw.com/p/3bgj6
EU Ursula von der Leyen
Фотографија: Reuters/F. Lenoir

Европската унија и партнерите во понеделник на донаторска конференција треба да соберат 7,5 милијарди евра за развој на вакцина и терапии против коронавирусот. „Сакаме да спречиме вкацината, кога ќе биде развиена, да ја приграбат само оние кои може да си ја дозволат“, изјави за Дојче веле, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Почнавме заеднички да трагаме по вакцина, но сега мора да изградиме капацитети за да ја произведеме кога ќе биде развиена. Ќе ни требаат бескрајно многу дози. Потоа мора да осигураме тие да стигнат во секое катче на светот по фер и пристапна цена“, додаде германската полтичарка.

Фон дер Лајен е една од потписниците на текстот во кој се бара „досега невидена глобална соработка на научниците, регулаторните тела, индустриите, владите, меѓународните организации, фондациите и претставниците на здравствениот сектор“.

Повеќе:

Вакцина против коронавирус - само за богатите?

Германија: Почнува тестирање на вакцина против Ковид-19

Гутереш се надева на вакцина за Ковид-19 до крајот на годината

Тој текст е објавен во Франкфуртер алгемајне цајтунг, а го потишаа и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Џузепе Конте, норвешката премиерка Ерна Солберг и шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Меѓу организациите кои ја поддржуваат намерата на ЕУ се и Светската здравствена организација и Фондацијата Мелинда и Бил Гејтс.

Маршалов план за Европа?

Фон дер Лајен во интервјуто за ДВ додава и дека ЕУ и државите членки досега мобилизирале 3400 милијарди евра за борба против економската криза која ја следи пандемијата. „Потребен ни е голем инструмент за обнова. Предложивме да работиме со седумгодишен буџет на ЕУ, кој би бил проширен со дополнителен инструмент кој личи на Маршалов план.“

Повеќе:Корона-криза: ЕУ мобилизира вкупно 3,3 милијарди евра за Балканот

Шефицата на Европската комисија тој план го опиша како „одмерен баланс помеѓу субвенции и кредити“. „Во овој процес мора да преговараме со сите 27 членки, но важно е дека сите држави веќе се согласија со овој пат.“