1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија им го ограничи движењето на азилантите

ЕМФ /агенции
22 септември 2017

Бугарија им ја ограничи слободата на движење на барателите на азил. Донесена е одлука за забрана на напуштање на општината во која живеат азилантите.

https://p.dw.com/p/2kVTj
Bulgarien Flüchtlingslager
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Donev

Додека е во тек постапката за азил, барателите не смеат да ја напуштаат општината каде живеат, соопшти владата во Софија. Оние кои живеат во главниот град исто така не смеат да го напуштаат.

Бугарија е најсиромашната членка на ЕУ, но не е дел од Шенгенскиот простор, каде граѓаните вообичаено може да се движат без контроли.

Од затворањето на Балканската рута во 2016 година бројот на бегалци во Бугарија многу се намали. Во моментов, во центрите за азил во земјата, чии капацитети се полни само 25%, живеат 1268 баратели на азил.

Во првите седум месеци од годинава се фатени 1930 бегалци при нивниот обид да ја напуштат Бугарија, главно во насока на Србија.

Flüchtlinge in Bulgarien
Во моментов се полни само 25% од капацитетите на прифатните центри во БугаријаФотографија: DW/A. Montanari

Унгарија од почетокот на март ги држи барателите на азил во контејнери, во близина на границата со Србија. Владата во Будимпешта донесе таква одлука „за да се намалат заканите поврзани со миграцијата“. Постапката на унгарската влада беше жестоко критикувана во меѓународни рамки. Високиот комесаријат за бегалци на ОН ја обвини Унгарија дека „ги повредува своите обврски кои произлегуваат од меѓународното право и европските закони“.

Во врвот на бегалската криза во 2015 година повеќе од 400.000 бегалци минаа низ Унгарија на патот кон Западна Европа. Во меѓувреме речиси и нема бегалци кои доаѓаат во земјата.