1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британскиот парламент го одби Џонсон и за предвремени избори

БГ /РТР
28 октомври 2019

Европската унија денеска одобри тримесечно флексибилно одложување на Брегзит, но британскиот парламент вечерва повторно му застана на патот на барањето на премиерот Џонсон за предвремени избори.

https://p.dw.com/p/3S6sT
Großbritannien London Parlament Brexit
Фотографија: picture-alliance/empics/House of Commons

Обидот на премиерот Борис Џонсон да издејствува предвремени парламентарни избори на 12 декември пропадна, откако вечерва не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство во британскиот парламент. На гласањето, Џонсон обезбеди 299 од потребните 424 гласови за распуштање на парламентот. Ова е третпат како Џонсон не успева да обезбеди мнозинство за избори во земјата. 
Утрово стигнаа добри вести за Џонсон, откако ЕУ се согласи на ново одложување на Брегзит, но британскиот премиер сега повторно ќе мора да работи на компромис во неговата земја. 
Поразот значи дека премиерот сега ќе мора да бара нов начин за свикување избори- најверојатно преку посебен владин закон за кој е потребно само просто мнозинство во парламентот. Но за тоа ќе му биде потребна поддршка од Шкотската национална партија (СНП) како и од Либералдемократите, кои заеднички бараат изборите да се одржат на 9 декември проследени со гаранции од Џонсон дека нема да ја продолжува дебатата за разводот од ЕУ кој го договори со Брисел.