1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

210910 EU schnelles Internet

22 септември 2010

ЕУ си постави за цел до 2013 година да обезбеди пристап до брзи интернет линии за сите нејзини граѓани. Комесарката Нели Крос поднесе предлог-закон, кој предвидува поставување оптички кабли за интернет во сите членки.

https://p.dw.com/p/PI7L
Еврокомесарката Нели КросФотографија: AP

Според волјата на официјален Брисел, дури и овчарите по карпатските села би требало да бидат снабдени со можност за брз интернет приклучок - најдоцна за три години. Така барем пишува во предлог-законот што го поднесе Европската комисија.

„Европа веќе располага со најгуста мрежа на брзи интернет врски. Но, до нив имаат пристап допрва една четвртина од сите Европејци“, појаснува комесарката за дигиталната ера, Нели Крос.

За ваквата ситуација да се смени на подобро, комесарката Крос најавува повеќе од 180 милијарди евра нови инвестиции во новата инфраструктура. ЕУ има намера да го поддржи проширувањето на мрежата со кредити и субвенции. За таа цел најавено е дека соодветни крединти линии ќе отвори Европската инвестициона банка.

Netzwerkkabel
На ЕУ и’ треба уште подобра инфраструктура за интернетФотографија: picture-alliance/ ZB

Да се држи чекор

„Остатокот од светот не’ пристига и некои земји имаат дури и подобри интернет мрежи од нас“, додава комесарката Крос.

Затоа Европа мора да држи чекор и да нуди нови и нови можности за граѓаните, преку подоброто мрежно поврзување на компјутерските мрежи и системи. Критичарите и’ забележуваат на новата иницијатива на Европската комисија дека претходните програми наменети на користењето на интернет можностите не донесоа толку големи плодови, како што беше најавувано. Можеби проблемот е во тоа што не се сите Европејци толку многу заинтересирани за дигиталниот свет, како што е нивната Комисија.

Автор: Франк Хофман / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска