"Борис Трајковски - една морална инстанца"
27 февруари 2004Реклама
Весникот "Ное Оснабрикер" по смртта на Борис Трајковски со песимизам гледа на развојот на настаните во Македонија:
"Смртта на одвај 47-годишниот македонскиот претседател и осуммина негови соработници човечки е трагедија, а од неа може да произлезе и политичка трагедија. Зашто, шефот на државата беше најсилниот релаксирачки фактор во тешкиот однос меѓу словенското мнозинство и албанското малцинство. Повисоки обѕири го доведоа до тоа. Уште во улогата на координатор за прием на косовските бегалци во 1999-та година кај Трајковски значително се чувствуваше мирисот на неговата националистичка партија ВМРО ДПМНЕ...И покрај тоа, уште истата година на Трајковски при изборот за претседател токму Албанците му се чинеа барем како помало зло. Како претседател тој постојано им приоѓаше ним и растеше како фигура. Толку многу, што негов битен придонес е што Македонија во 2001-ва година не потона во етнички обоена граѓанска војна и денес настапува како кандидат за членство во Европската Унија. Таа врска е загубена во еден критичен момент. Внатрешното порамнување, започнато со мирот од Охрид 2001-ва година, бавно напредува. Невработеноста кај младите изнесува 70 насто, криминалната албанска милиција АНА веќе ги шири своите напади кон северна Грција. Тоа проколнува на разумно водство во стилот на Трајковски - но такво не е на повидок" - оценува "Ное Оснабрикер Цајтунг".
"Цврсто ракување, отворена насмевка, добар англиски јазик: кај македонскиот претседател Борис Трајковски западните посетители се чувствуваа речиси како дома. Во кризната 2001-ва година, кога Македонија се наоѓаше на работ на граѓанска војна и моќниците од ЕУ се редеа еден по друг во Скопје, посетата кај претседателот на државата постојано беше одмор од исцрпувачките преговори со водачите на спротивставените страни во етничкиот конфликт. Кога и да требаше да се испрати мировна порака, претседателот беше прва адреса; да беше на негово место некој подбуцнувач, тешко дека ќе можеше да биде спречена катастрофата.
Трајковски никогаш не ќе можеше да израсне во вистински важна фигура на македонската политика - од неговите ублажени обраќања премногу јасно можеше да се наслушнат предупредувањата од неговите западни посетители, за да можеше да биде сериозно примен како самостоен фактор. Чевлите на неговиот моќен претходник Киро Глигоров останаа преголеми за Трајковски. Тој мораше да се задоволи со церемонијалната улога што му ја определува уставот на претседателот. Наесен претстојат редовни нови претседателски избори; Трајковски, со поддршка од Албанците, би имал одредена, иако побргу мала шанса за втор мандат.
Кога конзервативните дојдоа на власт во 1998-ма година, Трајковски стана заменик-министер за надворешни работи. На партиското раководство на чело со националистот Љубчо Георгиевски спрема странство му требаше една чиста, примерна фигура. Кога наредната година стотици илјади Албанци побегнаа од Косово во малата земја, Трајковски ја организираше помошта за бегалците ангажирано, компетентно и без национални расположенија. Неколку месеци подоцна се бараше претседател. Беспрекорниот Трајковски повторно и' беше токму добредојден на владата, која се' подлабоко се заплеткуваше во скандали со корупција. Но, мнозинството од православните Македонци не сакаше да го избере младиот протестантски лаички проповедник. Дури во вториот круг, кога беа решевачки гласовите на Албанците, Трајковски се проби.
За цело време екстремистите токму во неговата партија му префрлуваа дека е председател од милост на неомиленото малцинство. Ни за време на кризата претседателот не отстапи ни за милиметар од своите филантропски убедувања. Но, тоа не беше доволно за ефикасни иницијативи. Кога во летото 2001-ва една подбуцната толпа пред парламентот побара оставка од "пријателот на Албанците", Трајковски ја напушти зградата преку задниот влез - бекство, што му нанесе тешка штета на неговиот углед. На разочарување и на меѓународните советници, претседателот до крајот ги избегнуваше подрачјата населени со Албанците" - пишува "Берлинер Цајтунг" од перото на Норберт Мапес-Нидек.
"Ное Цирхер Цајтунг" објави подолг текст по повод смртта на македонскиот претседател под наслов "Борис Трајковски - една морална инстанца". Во текстот, покрај другото, се вели:
"Македонскиот претседател Борис Трајковски не беше ни брилјанетн тактичар, ниту харизматичен говорник, уште помалку политички итрец како неговиот претходник Киро Глигоров. Тој беше - и тоа го прави исклучителна појава на Западен Балкан - во прв ред морално интегрален државник. Можеби и без тоа наесен ќе и дојдеше крај на неговата политичка кариера, зашто беше повеќе од несигурно дали неговата партија, националконзервативната ВМРО ДПМНЕ, повторно ќе го истакнеше како свој кандидат на претседателските избори во ноември. Она што него го направи сомнителен за многумина членови на ВМРО, беше неговата улога како гарант за Охридскиот реформски договор...
Трајковски не скриваше дека воопшто не му одговара начинот на кој настана Охридската реформска програма - имено, со сила. Во приватни разговори додаваше и дека некои концесии на албанското малцинство за него одат предалеку. Но, тој согледа дека без засилена интеграција на Албанците во државата не можеше да се обезбеди трајна стабилност. Себе си и на некои Македонци им го олесна голтањето на горката пилула со тоа што го прогласи спроведувањето на договорот од Охрид за битен чекор на земјата на пат кон ЕУ.
Како верник-методист, Трајковски припаѓаше на едно религиозно малцинство. Можно е дека со тоа поврзаните искуства и неговата длабока вера му донесоа одредена независност во однос на византискиот политички стил, вообичаен во земјата, со сите политички игри и постојани сомничења. Во секој случај, за тоа говори се на се функционирачката кохабитација од 2002-ра година со владата предводена од социјалдемократите. Иако македонскиот претседател, кој истовремено е и врховен командант на армијата, располага со одредена моќ, смртта на Трајковски не предизвика заканувачки вакуум на власта. Владата е стабилна а социјалдемократскиот претседател на парламентот ќе го преземе вршењето на работите на починатиот претседател" - пишува "Ное Цирхер Цајтунг".

Реклама