1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

79 деца досега загинале во војната во Украина

СН/агенции
12 март 2022

79 деца загинале а над сто се досега повредени во руската инвазија на Украина, соопштија украинските власти. Воените дејствија на руските сили продолжуваат на повеќе локации во земјата на 17-от ден од конфликтот.

https://p.dw.com/p/48OLH
Ukraine | Kriegsgeschehen in Mariupol
Фотографија: Evgeniy Maloletka/AP/picture alliance

Руските вооружени сили, според извештаите на медиумите и локалните власти,  денеска продолжиле со нападите северозападно од Киев и врз други украински градови. База на украинските воздухопловни сили во близина на главниот град изутрината била уништена од руски ракетен напад, јави украинскиот огранок на руската новинска агенција Интерфакс. Погодено е и складиште за муниција во Василков. 

Британското Министерство за одбрана го објасни најголемиот дел од руските копнените сили се наоѓаат на околу 25 километри од центарот на главниот град на Украина. Сателитските снимки покажаа дека тие стрелаат со артилерија додека напредуваат кон Киев.

Карта на движењата на руските воени сили во Украина
Карта на движењата на руските воени сили во Украина

Гранатирана џамија во Мариупол

Според украинското Министерство за надворешни работи, ракетирана е џамија во зaвојуваниот пристанишен град Мариупол, во која повеќе од 80 деца и возрасни - меѓу нив и труски државјани - побарале засолниште. Информации за жртвите не беа достапни.

Повеќе: Европа ја финансира војната на Путин во Украина

Сирените за воздушен напад се вклучија во повеќето украински градови во утринските часови, објавија локалните медиуми. Луѓето беа замолени да одат во засолништа. Опколените градови Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се под силен артилериски оган, соопшти британското министерство за одбрана. Украина се подготвува за нов бран напади врз областите Киев, Харков и Донбас, изјави советникот на началникот на Генералштабот на Украина.

Храбри украински жени ги поддржуваат борците од првата линија

Сепак, Украина не смета дека Белорусија ќе им се придружи на руските инвазивни сили.

Страдањето на децата

Според информациите од Киев, од почетокот на руската инвазија врз Украина загинале најмалку 79 деца, а повеќе од 100 се повредени. „Овие бројки не се целосни, бидејќи не постои можност да се истражат гранатираните локации , на кои руските сили спроведуваат активни воени дејствија“, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот јавниот обвинител. 
Во првите 16 дена од војната, повеќе од 280 образовни институции низ земјата биле оштетени а 9 се целосно уништени, се вели во соопштението.

„Како последица на ова, седум милиони деца, поради активните непријателства и намерното уништување на  овие образовни институции се лишени од можноста да учат“.