1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Борба за живот во тетовската болница

Арбнора Мемети
2 септември 2021

Тетово деновиве е во фокусот на јавноста поради драматичниот раст на новозаразени од коронавирус. Во тамошната болница затекнавме драматична состојба и хаотични сцени

https://p.dw.com/p/3zoim

Борба за живот во тетовската болница

Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери.

Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати.

Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37% опфат на лица над 18 години.

Погледнете ја состојбата во болницата во нашето видео.