Блатер: Изборот на Катар беше грешка
16 мај 2014Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Јозеф Блатер, смета дека доделувањето на организацијата на Мундијалот во 2022 година на Катар било грешка. „Секако дека е направена грешка. Знаете, сите во текот на животот прават голем број на грешки. Техничкиот извештај јасно покажуваше дека во летниот период таму е премногу топло, но и покрај тоа, Извршниот комитет со огромно мнозинство реши СП да се одржи во Катар“, изјави Блатер за швајцарската национална телевизија.
Изборот на Катар за домаќин на Мундијалот во 2022 година се поврзува со корупција. Но, Блатер во интервјуто не сакаше да ги коментира ваквите гласини. „Не, не, тоа никогаш не го кажав“. Очигледно според Блатер меѓутоа имало политички притисок од Франција и Германија. „Добро е познато дека големи фирми од Франција и Германија работат во Катар, но тие не работат само за СП“, рече Блатер.
Поради климата во Катар сѐ уште не е познато во кој месец ќе се одржува СП.
Владата најави укинување на „Кафала системот“
Катар со месеци е критикуван порадни недостоинствените услови за работниците на градилиштата на стадионите на Светското првенство. Владата на Емиратот во средата (14.05.2014) најави дека спорниот т.н. „Кафала-систем“ ќе биде укинат и ќе биде заменет со нормални работни договори. Во „Кафала- системот“ по правило работодавачот гарантира за своите странски работници. Затоа работодавачот си зема право, да ги повлече пасошите на работниците и самиот да ги утврди платите и работните услови. Според податоците на меѓународни синдикалци од 2010 година, кога Катар ја доби организацијата на Мундијалот во 2022 година на градилиштата во Заливската држава загинале околу 1.200 странски работници.