Бијонсе ги собра видео наградите на ЕмТиВи
29 август 2016Бијонсе доминираше на MTV Video Music Awardѕ собирајќи 8 статуетки, вклучително и најголемата награда- видео на годината. Жените несомнено беа во главна улога вечерта - Бритни Спирс се врати на сцената на ЕмТиВи по пауза од десет години, додека Ријана настапи четири пати одбележувајќи ја наградата за животно дело.
Бијонсе ја одушеви публиката во Медисон сквер гарден во Њујорк со својот настап, на кој не му недостасуваше и политички ангажман. Ѕвездата пристигна на црвениот тепих во Њујорк во придружба на мајките на четворица афроамериканци кои беа убиени од американската полиција во последните две години.
Номинирани во категоријата Видео на годината беа и Адел ("Hello"), Џастин Бибер ("Sorry"), Канје Вест ("Famous") и Дрејк ("Hotline Bling").