1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битка преку интернет

28 јануари 2005

Во Југоисточна Европа повторно жестоки битки, овојпат во Интернет. Компјутерски специјалисти илегално велгуваат во Веб-страници и таму оставаат националистички пароли. Освен тоа, се одвиваат и огорчени политички дебати меѓу корисниците на интернет. Дали ваквиот развој е повод за загриженост или можеби сепак шанса?

https://p.dw.com/p/AeyH
Интернет е и шанса, но и ризик. На Балканот се користи како средство за националистички пресметки
Интернет е и шанса, но и ризик. На Балканот се користи како средство за националистички пресметкиФотографија: dpa

Место на настанот Интернет: место вообичаените слики на манастири, кон средината на декември одеднаш можеше да се прочита:“Косово ќе биде независно“. Албански специјалисти за интернет ја нападнаа косовската презентација на српската православна црква. Како одговор српските “хакери“ го опустошија он-лајн настапот на албанскиот главен град Тирана. Биланс од последните 4 недели: скоро 100 српски и една дузина веб-страници што ги водат Албанците се илегално променети. Сепак, овие кавги се помали во споредба со војната на хакерите што се водеше во декември меѓу српските и хрватските компјутерски “таленти“. Причина беше што на еден познат српски кошаркар, наводно националист, му беше забрането да допатува во Хрватска. Хрватските “хакери“ своето незадоволство за политичките ставови на кошаркарот го искажаа со атакот врз страницата на најголемиот српски приватен телевизиски канал “Пинк“ испраќајќи “Поздрави до голема Србија“ проследени со хрватското знаме и грб. Тоа не им се допадна на нивните српски колеги, па веднаш на официјалната страница на хрватската скијачка Јаница Костелиќ се појави пораката “Поздрави од Хрватска“ и фотографија на српската репрезенатција во кошарка. Во наредните две недели беа манипулирани повеќе од 80 хрватски и српски веб-страници на кои беа оставани помалку или повеќе јасни националистички пароли. Во обете земји “мајсторите“ тврдат дека немало никаква националистичка намера, туку само сакале да привлечат внимание колку се способни.

Еден од српските хакери, кој себе си се нарекува “АцидКуки“ за една радио-емисија изјави:

“Сеедно ми да ли ќе нападнам, српска, хрватска, албанска или која и да е друга страница“.

Ваквата интернет комуникација социологот од Келн, Лоренц Греф ја смета за важен елемент на јавното мислење. Во таквите дебати има шанса, но и извесен ризик:

“Можам да ги замислам обата пата: приближувањето, ако владее пријателска атмосфера во обете земји. Но, би можело да води и кон засилување на спротивставеностите. Мислам дека тоа е добра можност да се оформи и некое политичко мислење. Ако егзистираат вака, тие се уште немаат влијание, зашто не се организирани во таква смисла".

Во принцип, контактите меѓу младите луѓе одушевени од комјутерството би можеле да бидат замена за недостигот од патувања во регионот: скоро 10 години по воените судири туристите од Србија подеднакво ретко можат да се видат на хрватскиот дел на Јадран, како и Хрвати во Белград.

Злоупотребата на Интернет во политички цели не е новост: уште за време на бомбардирањата на НАТО врз Србија во пролетта 1999 година, беа напаѓани централниот компјутер на алијансата и на Пентагон и беа ширени цела низа анти-воени пораки.

И Анди Милер-Магхун, претставник на “Хаос компјутер клуб“, најголемиот сојуз на германските хакери, е свесен за шансите и опасностите во Интернет:

“Во една мрежа каква што е Интернет, таквите етнички и географски разлики се само чивт наредби преку тастатурата. Секако дека е многу едноставно да се воспостави пријателско разбирање со луѓето од други културни простори, но и за такви кои се злобни“.