1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бизнис со бескуќниците во Њујорк

Јанош Делкер/ Ж. Ацеска6 април 2015

Звучи парадоксално: бескуќниците во Њујорк бараат затворање на сместувалиштата на луѓето без покрив над главата и нивно претворање во приватни станови. Зашто-на сметка на несреќниците, заработуваат станодавачите.

https://p.dw.com/p/1F39f
Фотографија: DW/Janosch Delcker

Скалите кои водат до станот на Педро Асеведос смрдат на урина и марихуана. Зградата се наоѓа во Лонгвуд, еден дел од јужен Бронкс. речиси половина од жителите од овој кварт живеат под границата на сиромаштија. И 41-годишниот возач на камион Асеведос со своето семсјтво спаѓа во таа група. Неговите две ќерки ја делат собата и креветот на спрат, Педро со сопругата спие на кауч во дневната соба.

Бескруполозни станодавачи

Притоа воопшто не се работи за „нормален стан“ на пазарот на недвижности, туку за сместувалиште за бескуќници, едно од околу 3.000 т.н.Cluster Shelter кои ги финансира градот Њујорк и околу кои однеодамна се водат жестоки дискусии. Од еднастрана бескуќниците и нивните организации, од другастрана станодавачите кои заработуваат милиони долари изнајмувајќи му на градот трошни станови. Звучи парадоксално токму бескуќниците да протестираат против ваквиот вид социјална грижа, но веќе подолго време и надвор од кругот на корисниците на овие станови се раскажува за катастрофалните услови кои владеат во сместувалиштата за семејства на некогашните бескуќници.

Bericht Obdachlosenbehörde New York USA Gebäude Bronx Obdachlosenunterkunft
Една од социјалните згради во ЊујоркФотографија: DW/Janosch Delcker

Становите се полни со инсекти, инфраструктурата не функционира. И самиот Педро сведочи за вошките кои се појавиле во спалната соба. Истовремено, градот за просечен стан во рамките на проектот плаќа 2400 долари. Стан со иста големина во истиот дел од градот на нормалниот пазар на недвижности, зависно од состојбата, чини од 500 до 1200 долари. Во ваквиот вид сместување,навистина, дом пронајдоа 60.000 бескуќници, но овој проект првенствено за многумина сопственици претставува машина за печатење пари. Уште од самиот почеток на проектот пред 15 години се зборуваше за проблематичниот квалитет на сместувањето. Во „групните сместувалишта“. меѓутоа, проблемот собескуќниците беше преголем за да дојде до откажување од методот со кој во краток период беше можно покрив над глава да им се даде на голем број луѓе.

Bettler in New York USA
Градот вдоми 60.000 бескуќници, но под лоши условиФотографија: picture-alliance/dpa

Станови за бескуќниците

Ситуацијата меѓутоа ескалираше лани кога четиригодишно дете умре последица на труење со отров против глувци. Тогаш градските власти покренаа акција која почна со смалување на издатоците за станови за бескуќниците итаказаштедените пари беа тѕрошени за други мерки за згрижување на граѓаните без покрив над главата.Но, бескуќниците и нивните здруженија бараат становите во рамките на проектот Cluster Shelter трајно да им се дадат на користење на нивните станари, кои би се погрижиле за подобри услови.Ккао класични станари, бескуќниците би имале поголеми права а и со дополнителни средства уштеповеќе бескуќници би можеле да влезат во изнајмени станови.

Педро, кој прво беше среќен што има било каков покрив над главата, се надева дека скоро со парите кои сега градот ги плаќа за неговиот стан, ќе може сам на пазарот на недвижности да најде нешто подобро.Ако не, размислува за тоа да му сврти грб на Њујорк и заедно со семејството да побара среќанекаде на друго место, првенствено таму каде сместувањето е поповолно.

„Во Невада за овие пари можеме себе си да си дозволиме помала куќа. Можеби тоа е решение“, заклучува „бескуќникот“ Педро.