Бидете во тренд на Октоберфест!
Повеќе милиони луѓе секоја година доаѓаат на Октоберфест во Минхен. Најголемиот светски фестивал нуди изобилство на пиво, храна и забава. ДВ ве советува како да бидете во тренд на оваа баварска прослава на пивото
Народна носија
Дирндл и ледерхозен (кожни пантолони) се дел од германската народна носија познати ширум светот. Но, на Октоберфест традиционалните костуми не ги носат само Германците. Оваа група, на пример, ја сочинуваат посетители од Австралија, Австрија, Франција и Чешка.
Дирндл во сите бои
За разлика од пред неколку години кога на носењето дирндл се гледаше со неодобрување, денес тој е обрзувачки дел од костумот. Можат да се најдат во сите бои, марки и стилови, а во продажба се на речиси секое ќоше, особено за време на фестивалот. Останува на вас да изберете кој најмногу ви одговара.
Шарени кецели
Можете да одберете традиционални, едноставни, црни или слични како овие на фотографијата. Важно е само да ги искомбинирате со шарена кецела.
Скап сувенир
Но, немојте да се залажувате затоа што Дирндл-от не е ефтин. Цените се движат од 80 евра па нагоре. Најскапиот Дирндл на светот е направен од свила и украсен е со кристали на Сваровски, а чини астрономски 100 илјади евра. Овој луксузен Дирндл го дизајнираше Лола Палтингер.
Во африкански стил
Оваа народна носија може да биде во типичен германски стил, но некои дизајнери и дадоа и меѓународен карактер. Компанијата „Нох Не“ од Минхен произведува Дирндл од африкански материјали.
Мали тајни под фустанот
Откако сте одбрале Дирндл, на ред е она што се наоѓа под фустанот. Продавниците за долна облека во текот на Октоберфест нудат специјални градници за Дирндл со кои го обезбедуваат деколтето по кое Дирндл е славен.
Кожни пантолони за мажи
Но, не се само дамите тие кои се дотеруваат за Октоберфест. Типичните баварски кожени пантолони за мажи се голем хит- не само во Баварија, туку и во цела Германија. Во бутиците ширум Германија- а понекогаш и надвор од неа- можете да пронајдете цели оддели со Дирндл и ледерхозен.
Модни детали
Модните детали се неопходни и за кожените пантолони, како и за Дирндл. Типичните додатоци се ткн. каривари кои се закачуваат за пантолоните. Тоа се ланци на кои се закачени различни приврзоци, како парички, животински заби, рогови или други ловечки трофеи.
Статусни симболи на главата
На Октоберфест не е важно каков автомобил возите, кој има поскапа вила или поскапа јахта. За вашиот статус говори „гамсбарт“ кој го носите на глава. Тоа е прамен кој се носи како украс на шеширот. Колку е поголем гамсбартот, поголема е почитта која ја добивате.
Баварски пионери
Дури и најмладите посетители на Октоберфест се обидуваат да имаат адекватен костум. Децата исто така учествуваат во традиционалната парада која е дел од секој Октоберфест.
И секако- пиво!
Но немојте поради разговорите за модата да ја заборавите главната причина поради која се доаѓа на Октоберфест- уживање во одличното пиво. Како што велат Германците- Прост! На здравје!