Низ Македонија, од почетокот на бегалската криза, поминале околу 400.000 лица. Крајната дестинација им е западна Европа. Во прифатниот центар Визбегово има 26 баратели на азил. Опозицијата смета дека Македонија ќе биде крајна цел на бегалците, се собираат потписи против објекти за мигранти. Владата смета - паниката е базирана врз измислици.