Бајерн е првак и (речиси) никој не се радува?
27 април 2015Авто-корзото во Минхен по освојувањето на титулата беше повеќе со скромно, односно речиси и немаше автомобили кои свиреа. Уште во текот на денот интересот за натпреварот во Гладбах беше умерен. Во кафулињата имаше по некој неемотивен гледач. Кога конечно беше јасно дека титулата е освоена, еуфоријата беше ограничена. Еден од навивачите вели дека е така, затоа што првото место станало рутина:
„Со титулата можеше да се смета во текот на голем дел од изминатите години.“
Тоа за професионалците од Бајерн е - секојдневие. Тие дури и не се договрија за заеднички да го проследат натпреварот. Филип Лам објаснува:
„Поубаво е кога си на стадион. Победуваш и сигурен си дека си германски првак. Тука нема дилема. Инаку, сигурно ќе имаме повторно убав прием на балконот на Градското собрание и ќе ја презентираме титулата. Тоа е она посебното.“
Во таа прилика радо бил бил презентиран и пехар од Купот на Германија и трофеј од Лигата на шампиони. Спортскиот директор на Бајерн Минхен, Матијас Замер, со насмевка вели:
„Едноставно, верувајте ми, поубаво е да бидеш успешен отколку неуспешен.“
Можеби при тројна титула во центарот на Минхен ќе се соберат нешто повеќе фанови отколку сега.