Аџиите го каменуваа ѓаволот
13 септември 2016Реклама
Околу 2 милиона верници од понеделникот се собираат во муслиманските свети места во Саудиска Арабија на аџилак по повод Курбан Бајрам. Традиционалниот ритуал се состои од каменување на ѓаволот на мостот Џамарат. Изградбата на мостот пред десет години чинеше околу една милијарда долари.
Според легендата, тоа е местото каде ѓаволот го убедувал пророкот Ибрахим да не го исполнува барањето на Бога и да го жртвува својот син.
Аџилакот трае вкупно пет дена, а каменувањето до среда. Минатата година во светите места дојде до големо стампедо во кое загинаа над 2 илјади луѓе. Годинава е забележливо далеку поголемо присуство на полицијата и обезбедување, и досега немаше никакви инциденти.