Ахмети: Глигоров заслужено ќе остане запишан во историјата на Македонија
2 јануари 2012Претседателот на ДУИ Ахмети оценува дека смртта на Глигоров е голем загуба за неговото семејство, но и за Република Македонија. „Првиот Претседател на независна Македонија има големи заслуги за целосното и мирно отцепување на Република Македонија од поранешната Југославија без конфликт што несомнено придонесе кон конечниот распад на Југославија. Претседателот Глигоров и по осамостојувањето, се залагаше за понатамошното градење на независна држава како и за зачленувањето на Република Македонија во меѓународни организации. Дозволете ми уште еднаш да го изразам моeтo искренo сочувство за загубата на Претседателот Глигоров, чие име и дело ќе остане заслужно запишано во историјата на Република Македонија“, се вели во писмото на Ахмети до семејството Глигоров.
Автор: АТ/ макфакс
Редактор: Борис Георгиевски