Атина бара делумно простување на долговите
16 јуни 2015Повторно одбивање од Атина-грчката влада не гледа простор за натамошни заштеди.
„Нема да преземеме мерки за кратење на пензиите, ниту зголемување на данокот на додадена вредност, штедење што ќе го утврди затворениот круг,“ изјави портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис бара делумен отпис на долговите, што во Берлин предизвикува незадоволство.
„Сметам дека со тоа не ја постигнуваме целта“, вели Фолкер Каудер од владејачката ЦДУ.
Погледајте го видеото на оваа тема:
И во СПД трпението полека стигнува до крајот, се предупредува:
„На Грција и‘ се заканува пад во невидена сиромаштија. Мислам оти левичарската влада ја има обврската да ги гледа работите и поинаку: не е битно да се задржи интересот само на својата партија, туку важно е да не му се наштети на својот народ,“ вели претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
За Берлин и Брисел останува целта-Грција да остане во еврозоната. Но, очигледно, не по секоја цена.
„„Мислам дека сега паралелно сите засегнати, вклучувајќи ја и Комисијата, мора да работат на план да се спречи најлошото во случај на грексит, грчки банкрот,“ вели еврокомесарот за дигитална економија Гинтер Етингер.
Брисел се подготвува. Притоа е факт: за Грција и за еврозоната многу нешта се на коцка.