Апсењата ги извадија Каталонците на протести
18 октомври 2017Реклама
На улиците на Барселона демонстрираа околу 200.000 луѓе. Тие протестираа против апсењето на каталонските активисти. Демонстрации имаше и во други градови. Шпанското правосудство во понеделникот издаде налог за апсење на двајца водачи на движењето за независност на Каталонија.
Освен тоа, шпанскиот Врховен суд го прогласи за нелегален каталонскиот референдум од 1 октомври. Во образложението се вели дека законот за референдумот го повредува националниот суверенитет и „нераскинливото“ единство на шпанската нација. Судот оцени дека нелегална била и седницата на регионалниот парламент на која беше гласано за законот.