1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Андертјуб - нова платформа за музички таленти на интернет

11 март 2008

Веќе подолго време е познат трендот музичарите да создаваат сопствени портали на интернет за претставувње на своите бендови. Видеоблогот Андертјуб е најновата алтернатива за промоција на независната музичка сцена

https://p.dw.com/p/DMVd
И музиката полесно се шири преку интернетФотографија: picture-alliance/dpa

Интернетот нуди таква шанса за промоција на нова музиката, која што не може да ја понудат големите музички телевизиски канали како Вива, МТВ и многубројните радио станици. Музичките фанови и музичарите се почесто се свртуваат кон интернетот, каде што градат свои портали на коишто ја претставуваат својата музика, ги промовираат своите бендови, даваат разноразни предлози за концерти, разменуваат музика и промовираат нови материјали. „Do it yourself” или „Направи сам„ е мотото на овие независни интернетсајтови, портали и музички блогови.

Шанса за младите бендови

Видеоблогот Андертјуб е една од поновите интернет алтернативи за фановите на независната алтернативна музичка сцена, каде што бендови од цела Германија добиваат шанса да ја промовираат својата музика.


Стиснати меѓу домаќинки со ќеси в рака, пензионери и ученици, луѓе со кучиња в рака, во Келн седат триесет и едно годишната Тина и триесет и четири годишниот Себастијан. „Вооружани„ со камера и микрофон раскажуваат за минатите посети на концерти, даваат предлози за цедиња и коментари за разни музички бендови.

Млади од различни профили

Уште од почетокот на 2007 година, Тина, Себастијан, Пеер и Мила го подготвуваат видеоблогот ( Интернетблог е еден јавен, за сите отворен, дневник на интернет) Андтертјуб, кој што го модерираат наизменично од берлинскиот, или од метрото во Келн. Всушност тие се по професија: графички дизајнер, политичар и музичар, а Андертјуб го подготвуваат во нивното слободно време. Еден вид на хоби. Идејата за блогот ја имаше Даниел:

„Гледајќи ги другите видеоблогови на интернет бев фасциниран и голема ми беше желбата и јас да направам нешто такво слично, блог во кој што се ќе се врти околу музиката. По разговорот со Пеер, во кој успеав да го убедам, дојде идејата да го снимаме нашиот блог во метро, додека се возиме. „ Се возиме во метро и тука разговараме за музика, за концерти, зашто кога некој оди на концерти или се враќа се вози во метро и таму се водат тие разговори. Тоа беше нашата почетна идеја.

По снимањето на емисијата во метрото, направеното видео го сечеме и готовиот материјал со времетраење од 10 минути -препораки и музички трендови, го поставуваме во интернет на нашиот видеоблог. На секои две недели емитуваме нова емисија. Во меѓувреме бројот на гледачи на видеоблогот на Андертјуб достигна до 5000 на повеќејазичните страници како Myspace, Watchberlin, seveload, iTunes и на Untertube.de. Сите овие страници се финансирани само од реклами и таму може корисниците бесплатно да поставуваат слики, видеа и блогови. Видеоблогот ја пополнува празнината, која што комерцијалните музички канали не можат да ја пополнат, вели Даниел:

„ Германските музички канали МТВ и ВИВА емитуваат се, само музика не. Тие се повеќе сконцентрирани на нивните емисии. И целата алтернативна, независна музичка сцена нема никаква шанса да се пробие во јавноста. Мислам дека оваа празнина ја пополнуваме доста успешно со нашиот видеоблог кој во основа треба да претставува мешавина од личното, субјективно мислење на модераторите (што е и идејата на сите блогови), со додадок на еден забавен карактер кој потсетува на телевизија.

Во секоја емисија каниме и гости на нашето заедничко патување со метрото. Пејачите на познати бендови од Германија како Јули, Ева Бриегел или музичарот од Келн Линус Волкман се само дел од имињата кои досега не придружувале на нашето патување. Понекогаш и отсвируваат нешто за нас.

Различни реакции


Луѓето кои што се возат во метрото додека ја снимаме емисијата различно реагираат, вели модераторката Тина Мамцур:

„Има луѓе кои одлично реагираат на целата ситуација, сме имале и аплауз, спонтан аплауз по завршувањето на малиот „концерт“ на бендот, додека има и луѓе кои што се преместуваат, затоа што не сакаат да бидат снимани или негодуваат. Сепак до сега сме немале никаков инцидент а поголемиот дел од искуството ни било позитивно.


Наскоро Јутјуб да почнат со емитување на својата емисија и од метрото во Минхен. Можеби ќе почнат и во Хамбург. Едно е сигурно, работата им претставува забава и задоволство.