Али Ахмети повторно ќе му пишува на Брисел
5 септември 2006Коалицијата ДУИ- ПДП продолжува да опстојува.На петчасовната средба најтесните партиски врвови вчера во Мала Речица разговарале за враќање на партиските мандати што го бара ПДП од ДУИ.Засега нема одлука кога нивните пратеници ќе се варат во Парламентот.Али Ахмети и Абдулјади Вејсели вчера не конкретизираа нови облици на протести.По многубројните контакти на меѓународната заедница со нив се чини дека барем ДУИ е поблиску да го прекине бојкотот на македонскиот парламент.Но,оваа партија засега не прифаќа временски рокови кога треба да го стори тоа,а засега не се вклучуваат ни во работата на собраниските комисии. ДУИ и ПДП преку изјавата на порпаролката Ермира Мехмети го отфрлика повикот на Трајко Велјановски од ВМРО ДПМНЕ до кога најдоцна треба да учествуваат во парламентарните комиссии.
-Сметаме дека неговата изјава е крајно арогантна и ние не сме политички партии и субјекти кои одговараат на вакви ултимативни прашања или обврски кои некој ги задава бидејќи сметаме дека во крајна линија господинот Велјановски не е тој кој што може да одредува такви ултиматуми,а уште помалку е тој кој што може да одредува било какви рокови за ДУИ и ПДП.
Потпретседателката на ДУИ,Теута Арифи,со својата изјава по средбата вчера со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Карлос Паиш многу повеќе го одрази омекнувањето на ставовите.Таа вели,двете партии самите ќе одлучат што се однесува до следните чекори за партиципирањето и за формите за партиципирање во институциите и за другите демократски форми кои ќе бидат употребувани во политичката борба.И додека веројатно го дефинираат моментот кога во Парламентот ќе му се спротистават на Никола Груевски со блокадите со Бадинтеровото мнозинството при гласањата за системските закони,тие ќе се жалаат до официјален Брисел и европските институции.Гласноговорникот на ДУИ,Ермира Мехмети,по вчерашната лидерска средба дополни:
-За жалење коалицијата во писмото секако ќе констатира дека со ваквата одлука за жал ВМРО ДПМНЕ ја испушта шансата за постигнување на големото етничко помирување меѓу двете најголеми етнички заедници,значи на Албанците и на Македонците.