„Ако не станам популарен, ветувам, ќе одам во Авганистан“
Култура
Ана Арсеновска-Зафирова
2 јануари 2021
Македонскиот актер Влад Илич веќе седум години ја гради својата кариера како стендап комичар. По актерските студии на Малта, се сели во Лондон, каде во сериозна конкуренција ги освојува наградите „Stand Up Club’s New Comic of the Year“ и „Max Turner Prize“ на Comedy Virgins. Изведува стендап на четири јазици и неговиот неодамнешен настап на Би-Би-Си му го обезбеди статусот на „ѕвезда“ во најава.