1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Адолф Хитлер- мајстор манипулант

Тилман Бендиковски/Б. Георгиевски11 октомври 2013

Неговите злосторства се непојмливи, исто како и човекот кој стоел зад нив. Адолф Хитлер е полн со загатки. Една нова биографија фрла сосема нова светлина врз неговата личност.

https://p.dw.com/p/19y5z
Фотографија: picture alliance/Everett Collection

Звучи апсурдно, но тој човек навистина со години секое утро вежбал со „експандер“, справа за зајакнување на мускулатурата на рацете, за да може да го следи марширањето на СС-колоните со испружена рака колку што е можно подолго. Ситница наспроти монструозните злосторства кои ги наредил? Во ниту еден случај, тврди авторот на новата биографија за Хитлер, историчарот од Хамбург и новинар Фолкер Улрих. Авторот се занимава со човечките аспекти на ликот на Хитлер. Тој сака до детаљ да ја сфати неговата способност на самоинсценирање, за да го опише се‘ уште докрај необјаснетиот раст на Адолф Хитлер како диктатор.

До денес околу Хитлер кружат чудесни приказни, митови и легенди. И самиот тој, додека бил жив, придонесувал кон нив. На пример, чиста лига е дека тој растел во сиромашно семејство, напротив, тие и‘ припаѓале на добро ситуираната средна класа. Исто таква измама е дека Хитлер како фирер и канцелар на Рајхот водел аскетски живот, без големи материјални добра. Тој носел костуми скроени по мерка, сакал скапи автомобили, а „пливал“ во милиони од продажбата на книгата „Мојата борба“.

75 Jahre Volkswagen Adolf Hitler im Volkswagenwerk
Посета на фабриката ФолксвагенФотографија: picture-alliance/dpa

Хитлер бил посебно успешен во тврдењето дека нема приватен живот и дека сета своја сила и умеење ги ставил во служба на германскиот народ. Фолкер Улрих вели:

„Неговиот приватен живот бил далеку побогат од претпоставките на некои современици и историчари. Тој се движел во Оберсалцберг, во круг на избрани пријатели и политички истомисленици, пешачел, гледал филмови, а неговата љубовница Ева Браун, помалку или повеќе, отворено делувала како домаќинка.

Масовен убиец

Досега доминираа две биографии за Хитлер, на новинарот и историчар Јоахим Фест од 1973. година и на британскиот историчар Јан Кершоу од 1998. Фолкер Улрих за својата книга користел бројни непознати документи од германските архиви. „За мене претставуваше изненадување уште колку може да се открие, особено што животот на Хитлер досега важеше за еден од најдобро истражените предмети во историјата“.

Хитлер можеби бил извонреден оратор и надарен политички актер, но неговиот радикализам никогаш не се криел зад маска. Своите политички намери никогаш не ги криел. Тоа сѐ гледа најмногу во неговиот фанатичен антисемитизам.

Adolf Hitler und Eva Braun
Адолф Хитлер и Ева БраунФотографија: imago/ZUMA/Keystone

Набљудувањето на Хитлер како човек, на начин на кој тоа се прави во оваа биографија, овој масовен убиец во ниту еден случај не го претставува „почовечно“. „Да се прикаже Хитлер како човечко суштество не значи будење на симпатии кон него или намалување на неговите злосторства“, вели Улрих. На Германците притоа, со тој нов поглед, не им се отвора можност за извинување: диктаторот политички многу вешто се претставувал, но никогаш не ги криел своите содржини. Тука бил доследно автентичен.