1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара намалување на издувните гасови

Бернд Ригерт
10 октомври 2018

Земјите членки на ЕУ се договорија за намалување на издувните гасови од новите автомобили. Испуштањето јаглерод диоксид од 2020 до 2030 година треба да се намали за 35%.

https://p.dw.com/p/36GmJ
CO2-Standards für Autos
Фотографија: picture-alliance/dpa/P.Zinken

По долги преговори на министрите за екологија на ЕУ во Луксембург, австриската министерка Елизабет Кестингер оцени дека заштитата на климата во Унијата е повторно на „лентата за претекнување“. Кестингер претседаваше со состанокот на министрите позветен на проблемот со ограничување на испуштањето јаглерод диоксид од возилата. Министрите во текот на изминатата ноќ донесоа заклучок емисиите на издувни гасови од новите автомобили до 2030 година да се намалат за 35% во однос на вредноста која ќе биде достигната во 2021-ва.

Повеќе: Мочуриштето во кое газат германските автопроизводители

Сега Министерскиот совет треба за новите гранични вредности да преговара со Европскиот парламент. Согласноста на земјите членки на Унијата и на ЕП е неопходно за да се донесат нови закони за заштита на климата. ЕП има поамбициозни цели. Парламентарците во преговори влегуваат со барање за намалување на издувните гасови за 40%. Планирано е „тријалогот“, во кој ќе учествува и Европската комисија, да биде завршен во март. Потоа пленумот на Парламентот би можел да гласа и тоа пред европските избори во мај 2019-та. Доколку тоа не успее, гласањето ќе биде одложено за долг период, сѐ додека не се конституира новиот ЕП. Со оглед на тоа што се смета со тешки преговори, разговорите почнуваат веќе денеска.

Infografik Comparing carbon emissions EN
Графикон: Колку ЦО2 испуштаат годишно фрижидерот, возењето автомобил по 35 километри на ден и авионски лет Франкфурт-Сингапур, а колку е максимално дозволената вредност по лице годишно

Потребни се повеќе електромобили

Редукцијата на издувни гасови нема да се определува за секое возило кое од 2030 година ќе се продава во ЕУ, туку за цела „флота“ на еден производител. Тоа значи дека автопроизводителот и натаму може да продуцира големи џипови кои голтаат многу гориво, доколку истовремено произведува и електромобил со нула емисии на издувни гасови. Важна е просечната вредност на сите продадени автомобили.

Повеќе: Дали е можна „поправка“ на дизелите?

Германската влада прави напори да ги поштеди малку германските производители, зашто Фолксваген, Мерцедес и БМВ каскаат во развојот на електромобили. Францускиот министер за екологија веќе бара целта да биде намалување на штетните гасови за 40%, со оглед на тоа што Ситроен и Пежо по прашањето на заштита на климата се понапред од германските производители.

RWE Power AG Kraftwerk Niederaußem
Испуштањето штетни гасови од термоцентралите е поголем проблем во светски рамки, отколку издувните гасови од автомобилитеФотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Hardt

ЕУ-дипломатите истовремено укажуваат дека емисиите на ЦО2 од автомобилите во Европа се одговорни за само 15% од загадувањето на климата. Во светски рамки погледнато, тоа се само неколку проценти, што значи само ситен дел од проблемот. Поважни во светски рамки, како што се вели, се емисиите од термоцентралите, индустријата и затоплувањето на зградите.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија