1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австралија: Жедна коала запрела велосипедист

ЖА
28 декември 2019

Коалите во Австралија страдаат поради екстремните временски услови на континентот, преку 2.000 угинаа од пожарите, жештината и сушата. Една коала се досетила - запрела велосипедисти за да се напие вода од нивните шишиња.

https://p.dw.com/p/3VQwz
Buschbrände in Australien - Koala trinkt aus Fkasche
Фотографија: picture-alliance/dpa/Oakbank Balhannah CFS

Група велосипедисти и` помогнале на една коала, застанувајќи за да и` дадат да се напие вода од шише. Една од велосипедистите, Ана Хојслер на Инстаграм ја постираше трогателната сцена во видео, како очајното животно се искачува на еден од велосипедите за да успее да повлече поголема голтка. Велосипедистите возеле на температура од 40 степени Целзиусови  кога ја забележале коалата.

Сликите се впечатливи, но случката ја покажува и опасноста за егзистенцијата на овие животни предизвикана од актуелната ситуација со пожарите во  Австралија.  Најмалку 2.000 коали угинаа во големите шумски пожари, некои во огнот, а некои од глад и дехидрација, соопшти екологистот Делиан Паг.