1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистанците гласаа - резултатите во јули

АТ/ дпа/ афп/ ртр14 јуни 2014

Во Авганистан се одржа вториот круг претседателски избори. Изборите беа засенети од насилство. Првичните резултати треба да бидат објавени на почетокот на јули.

https://p.dw.com/p/1CIUh
Фотографија: DW/Aser

Под силни безбедносни мерки жителите на Авганистан гласаа за идниот претседател на земјата. За фаворит се смета поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула, кој во првиот круг претседателски избори освои најмногу гласови. Неговиот предизвикувач беше поранешниот економист во Светска банка Ашраф Гани. Излезноста на изборите повторно се чини задоволителна, и исто така има информации за тешко насилство.

53-годишниот поранешен министер за надворешни работи Абдула, кој има искуство и како борец од отпорот против советскиот окупатор и фундаменталистичките талибанци, се смета дека има подобри карти во однос на интелектуалецот Гани. Сепак пред изборите немаше доверливи анкети спроведени на територија на целата земја. Во првиот круг од изборите Абдула освои 45 проценти од гласовите, додека Гани 31,6 проценти.

Ангажирани 400.000 сили за безбедност

Првичните резултати од изборите треба да бидат познати на 2. јули, а официјалните резултати се очекуваат на 22. јули. Планирано е новиот претседател да поднесе заклетва на 2. август.

Во целата земја за безбедноста на избирачките места беа ангажарани 400.000 сили за безбедност. Вториот круг претседателски избори го отвора патот за првата демократска смена на власта во историјата на земјата. Актуелниот претседател Хамид Карзаи според уставот не смееше да се кандидира за трет мандат. Тој беше на чело на Авганистан по падот на режимот на талибанците во 2001 година.

Двајца мртви во провинцијата Логар

„Ние сме горди што можеме да го избереме кандидатот што го претпочитаме“, изјави Карзаи при гласањето. „Денеска Авганситан прави чекор од една преодна фаза кон долгорочен мир и стабилност“. Талибанците пред изборите се закануваа со напади.

Во провинцијата Логар, јужно од Кабул, беа убиени две лица на пат кон избирачко место. Во главниот град Кабул уште пред отворањето на избирачките места во близина на аеродромот паднаа ракети. Со повеќе од 50 проценти, учеството во првиот круг од изборите беше релативно високо. Бројот на поплаки поради изборна измама беше значително помал отколку на изборите во 2009 година, кога Абдула по обвинувањата за измама се повлече од вториот круг избори против Карзаи.