Фотографија на денот: Бебето од Кабул
21 август 2021Бебето било префрлено преку ѕидот со бодликава жица поради тоа што било болно, се вели од Пентагон. „Родителот ги молел војниците да се погрижат за детето, затоа што бебето било болно“, објасни портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Затоа американски војник го повлекол бебето нагоре и го однесол во норвешката болница на аеродромот. „Тие го прегледале и по лекарскиот третман детето му е вратено на таткото“, рече Кирби, кој зборува за „акт на сочувство“ на американските војници. Каде сега се наоѓаат бебето и неговиот татко, нема информации. „Не знам каде се наоѓаат“, изјави портпаролот на Пентагон. Кирби рече и дека не знае дали таткото е дел од авганистанските соработници и дали барал вонредна виза за САД.
На аеродромот во Кабул се одвиваат драматични сцени. Авганистанците очајно се обидуваат да се качат на некој од авионите кои евакураат луѓе од Авганистан. Многумина од оние кои во текот на 20-годишните конфликт соработувале со западните трупи стравуваат од одмазда на талибанците.
Американската армија го обезбедува аеродромот во Кабул со околу 6000 војници. Според американскиот претседател Џо Бајден, од Авганистан досега се евакуирани околу 13.000 луѓе. Германскиот Бундесвер досега на безбедно однесе над 1700 луѓе.