1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдула се прогласи за победник

СН/бг/дпа/миа/афп8 јули 2014

Претседателскиот кандидат на изборите во Авганистан, Абдула Абдула изјави дека не ги прифаќа првичните резултати од вториот круг гласање, според кои предност има неговиот конкурент Ашрав Гани.

https://p.dw.com/p/1CY1J
Фотографија: Reuters/Omar Sobhani

Претседателскиот кандидат Абдула Абдула и покрај противречните првични резултати се прогласи за победник на вториот круг на гласање, што се одржа на средината на јуни. „Горди сме, го респектираме гласот на народот, ние победивме“ изјави Абдула пред илјадници приврзеници во Кабул

Неговата изјава доаѓа по соопштувањето на првичните резултати од вториот круг на изборите, што се одржаа на 14 јуни, според кои убедливо води поранешниот министер за финансии Ашраф Гани.

Тој има освоено 56,44 отсто, додека Абдула има добиено 43,56 отсто од гласовите на Авганистанците.

Абдула, кој е поранешен авганистански министер за надворешни работи, веднаш се спротивстави на ваквиот распоред на гласовите, тврдејќи дека е направена измама. Абдула имаше солидна предност пред Гани, по првиот изборен круг, откако сосема малку гласови му недостасуваа уште тогаш да биде прогласен за победник и за нов претседател на Авганистан.

„Нема никогаш да прифатам измамничка влада“, рече Абдула пред голем број свои симпатизери, на собирот што се одржа во авганистанскиот главен град.

Неговите поддржувачи носеа транспаратенти на кои пишуваше „смрт за Хамид Карзаи“ досегашниот авганистански претседател и извикуваа пароли за поддршка на Абдула.

Овие претседателски избори треба да бидат историска транзиција во Авганистан, затоа што преку нив би требало да се изврши првиот демократски трансфер на власта. Конечните резултати од вториот круг гласање треба да бидат познати на 24. јули.

Во оваа средноазиска земја, политичките разлики и несогласувања многу често се изразуваат врз основа на етничката припадност. И покрај неговите обвинувања за противничкиот табор Абдула изјави дека не се стреми кон делби во земјата: „ Ние сакаме да ги сочуваме единството и честа на Авганистан. не сакаме граѓанска војна, не сакаме криза. Сакаме стабилност и национално единство а не делби“. , рече Абдула.

Официјален Вашингтон побара детална проверка на изборните резултати, а државниот секретар Џон Кери предупреди дека САД би можеле да ја прекинаат финансиската помош доколку се случи нерегуларен пренос на власта.