1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украинските термоцентрали на удар на руските ракети

ЖА
27 април 2024

Русија повторно бомбардираше енергетски постројки во Украина, направени се големи штети на четири термоцентрали, но и напаѓачот претрпе удари.

https://p.dw.com/p/4fFUI
Руски ракетен напад врз термоцентрала
Руски ракетен напад врз термоцентрала, архивска снимка од Киев, 2022 годинаФотографија: State Emergency Service of Ukraine via REUTERS

Повеќе енергетски централи во Украина се тешко оштетени во жестоките руски напади со ракети, кои биле испалени од воздух, од Црното Море и од копно. Четири термоцентрали во масивните ноќешни руски напади претрпеа значителни оштетувања, соопшти енергетскиот снабдувач ДТЕК во сабота утрото. Министерот за енергетика Херман Халученко на Фејсбук напиша дека штетите се особено големи на постројките во регионите Днипропетровск, Иваново-Франкивск и Лвив.

И во источно  украинскиот град Харков,  недалеку од руската граница, ноќеска  имало експлозии, ракета удрила во близина на болница, при што од создадениот притисок делумно дошло до прскање на стаклата на прозорците.

Армијата претходно издаде соопштение за најмалку две повредени лица во  масивните ракетирања.  „Ноќеска рускиот окупатор повторно изведе масивен напад врз Украина со користење повеќе видови крстосувачки ракети“, се вели во армиското соопштение. Според него, биле испалени 34 ракети, од кои 21 биле пресретнати.

И Русија, која со својата агресорска војна против Украина повеќе од две години носи смрт и уништување кај соседната држава, била цел на напади. Москва соопшти дека во ноќта кон сабота во јужниот руски регион Краснодар и над анектираниот полуостров Крим биле пресретнати и уништени 68 украински дронови.

„Тие се обидуваат да ги нападнат нафтените рафинерии и инфраструктурата. Досегашните информациите укажуваат дека нема повредени и сериозни штети“, напиша гувернерот на регионот Краснодар на Телеграм.