1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски предупредува од нов бран руски напади и тешка зима

ЖА / агенции
28 ноември 2022

Украинскиот претседател ги повика своите сонародници на посебна сплотеност, зашто очекува зимата да биде тешка и руските напади да продолжат со голема жестина.

https://p.dw.com/p/4KAEM
Хуманитарна помош во Новопетривка, Миколаевска област, Украина
Хуманитарна помош во Новопетривка, Миколаевска област, УкраинаФотографија: Narciso Contreras/AA/picture alliance

„Се` додека имаат ракети, руските војници нема да мируваат“, изјави украинскиот претседател во неделната видео-порака, затоа украинската армија се спрема за одбрана од  натамошни жестоки напади.  „Русија се обидува оваа зима да го искористи студот против луѓето", истакна Зеленски, имајќи ги во вид целните руски напади врз украинската електро инфраструктура и топланите. Претседателот упати повик до Украинците за време на студената зима да ги поддржат посебно оние сограѓани кои се најранливи меѓу нив, истакнувајќи: „Сплотени, ќе успееме се` да пребродиме.“ 

Повеќе од девет месеци по почетокот на  руската агресорска војна, најжестоките  битки моментално се водат и во источно украинскиот регион  Доњецк.

Илјадници украински домаќинства се делумно или целосно  без греење, струја и вода  на температури под нулата.

Украина јавува за напредок во обезбедувањето со електрична енергија во  ослободениот град Херсон.  Во регионалната престолнина која со месеци беше под руска окупација, руските војници на заминување речиси целосно ја уништиле електричната мрежа. Во меѓувреме, со струја се обезбедени 17 проценти од домаќинствата, соопшти регионалниот гувернер Јарослав Јанушчевич. Заменикот шеф на претседателскиот кабинет, Кирило Тимошенко на Телеграм објави фотографија снимена во мрак, на која се гледаат поединечни осветлени прозорци во куќите.

Украинската армија во средината на ноември го ослободи Херсон и неколку места во истоимената област, а оттогаш градот кој некогаш имаше 300.000 жители, се наоѓа под жестоки руски артилериски напади, додека паралелно се соочува и со масивни проблеми во енергетското снабдување. Со оглед на тешката ситуација, украинската влада пред неколку дена започна да ги евакуира цивилите во други делови од земјата, за таму да ја поминат зимата.