1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Зеленски: Помошта од Иран за Русија ја продолжува војната

ЕМФ | дпа
7 ноември 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше испораката на оружје на Иран за Русија и оцени дека тоа ја продолжува војната во Украина.

https://p.dw.com/p/4J8XT
Володимир Зеленски вели дека иранската помош за Русија ја продолжува војната
Володимир Зеленски вели дека иранската помош за Русија ја продолжува војнатаФотографија: Sarsenov Daniiar/Ukraine Presidency/Planet Pix via ZUMA Press Wire/picture alliance

„Иран го поддржува рускиот терористички режим и помага да се продолжи војната и затоа ги продолжува заканите за светот создадени од руската агресивна војна“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање вчеравечер (6.11).

Без поддршката на Техеран за Москва „ќе бевме поблиску до мир“, цени шефот на украинската држава. Без мешање на Техеран, решението за светската криза со храна или енергетската криза, ќе беше исто така поблиску, тврди Зеленски: „Секој кој ѝ помага на Русија за продолжување на оваа војна, мора да преземе одговорност и за последиците од оваа војна.“

Техеран дури во саботата (5.11) призна дека ѝ испорачал беспилотни летала на Русија, но зборуваше само за неколку дронови. Зеленски потоа го обвини Техеран дека лаже. Во текот на денот од руска страна повторно биле користени ирански јуришни беспилотни летала. „Имаше гаѓање, но за жал и погодоци“, рече Зеленски. Според него, очигледно е дека „терористичката држава“, како што тој ја нарече Русија, здружува сили и ресурси за нови масовни напади врз инфраструктурата на Украина. Речиси 4,5 милиони Украинци веќе страдаат од прекини на електрична енергија. „Се подготвуваме да одговориме“, рече Зеленски.