1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Затворени избирачките места во сите сојузни држави во САД

ЕМФ / дпа
6 ноември 2024

Избирачките места во САД се затворени во сите сојузни држави. Победникот на претседателските избори сѐ уште не е познат.

https://p.dw.com/p/4mgO3
САД избирачко место во Калифорнија
Фотографија: Chris Pizzello/AP Photo/picture alliance

Избирачките места во САД се затворени во сите сојузни држави. На Алеутските Острови, планински синџир на острови во северниот дел на Пацификот кој се карактеризира со вулкани, инаку дел од Алјаска, гласачите можеа лично да го дадат својот глас до 7 часот изутринава по средноевропско време.

Непосредно пред тоа, затворени беа избирачките места во остатокот од Алјаска, Хаваи и западниот брег на САД. Бидејќи САД се протегаат низ неколку временски зони, затворањето на избирачките места се протегаше во временски период од неколку часа.

Победникот на претседателските избори сѐ уште не е одреден. За да победи, на кандидатот му требаат 270 електорски гласови од различни сојузни држави.