1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За пет месеци над 840 пожари во Северна Македонија

ДТЗ
9 август 2022

Со нови, но и застарени возила, кусок на кадар и авион кој доцни со сервисирање, земјата се справува со огнените стихии. Од почетокот на август, за само девет дена се евидентирани 88 пожари.

https://p.dw.com/p/4FJXq
Portugal | Waldbrand in Eiriz
Фотографија: Melo Moreira/AFP/Getty Images

Со нови, но и застарени возила, кусок на кадар и авион кој доцни со сервисирање, Северна Македонија се справува со големиот број пожари на отворено, коишто секојдневно избувнуваат во земјата. Некои се со помал размер, но има и такви кои поради ветерот брзо се шират и зафаќаат шумски површини, заканувајќи се на населението места и предизвикувајќи штета. За пет месеци над 840 пожари избувнале во земјата, а најсериозна е ситуацијата од почетокот на август, која за само девет дена се евидентирани 88 пожари. 

„Станува број за голема бројка, но благодарение на брзата интервенција  и раната дојава, овие пожари беа совладани во првата фаза и не дозволивме да се разгорат во големи шумски пожари“, информираше денеска (9.08) првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. 

Според него, во март се евидентирани 139 пожари, во април - 141 април, во мај - 193, во јуни имало 191 огнена стихија, а во јули бројката се намалила на 91 пожар. Само во текот на вчерашниот ден (8.08) имало 18 пожари на отворено, од кои повеќе од половината се заканувале да прераснат во сериозни пожари и тоа во струмичко, скопско, Охрид, Свети Николе, Теарце, Кичево, Битола, Куманово... 

Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz
Пожарите ги опустошија „белите дробови“ на земјатаФотографија: Arbnora Memeti/DW

Сервисирање сред лето 

Ангелов информираше дека во моментов на располагање имаат околу 200 цистерни и теренски возила за справување со огнените стихии, како и еден полициски хеликоптер и авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Вториот цело лето е на сервисирање и се очекува наскоро да се врати во земјата.

Дел од возилата кои се користат за гаснење на пожарите се нови и функционални, но дел од нив се дотрајани и во лоша состојба. Дел се случува да се расипат и да откажат за време на интервенција. При гаснењето на пожарите помагаат тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, како и од „Македонски шуми“. Во случај на криза, на помош можат да се вклучат и околу илјада војници на АРМ, како и припадници на полицијата. 

За да се превенираат пожари воведена е делумна забрана за движење во шуми повеќе од еден месец, но секој кој ќе побара дозвола ќе добие, со што се води евиденција за тие што се движат по шумите. Ангелов апелира до граѓаните за поголема внимателност - да не палат оган на отворено, да не се палат стрништа или пасишта, како и отпушоци да не се фрлаат преку прозорец на возилата, оти едно мало невнимание може да предизвика огромни штети и последици. 

Во пожарите минатата година изгореа стогодишни дрвја во Малешевијата, и беа предизвикани огромни штети. Изминатите пет години штетите предизвикани од пожарите надминуваат над 35 милиони евра. 

 

Како дроновите можат да помогнат во борбата против шумските пожари