1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Војна во Украина: Трамп говори за средба со Путин

СН/агенции
10 јануари 2025

На 20 јануари Доналд Трамп повторно ќе ја преземе функцијата претседател на САД. Тој веќе сака да влијае на надворешната политика и вели дека подготвува разговори со Путин за ставање крај на војната против Украина.

https://p.dw.com/p/4p0Zz
Средба во јули, 2018 година: Доналд Трамп и Владимир Путин
Средба во јули, 2018 година: Доналд Трамп и Владимир ПутинФотографија: Mikhail Metzel/ITAR-TASS/imago

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се сретне со него и дека договараат средба, но не прецизираше временска рамка кога ќе се одржат разговорите.

Трамп во четвртокот пред состанокот со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, рече дека војната во Украина мора да заврши.

Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголемува надежите дека ќе се најде дипломатско решение за војната во Украина.

САД досега обезбедија 175 милијарди долари помош за Украина,  вклучувајќи повеќе од 60 милијарди долари воена помош.

Сепак, неизвесно е дали помошта ќе продолжи со исто темпо откако Трамп ќе ја преземе функцијата бидејќи тој изјави дека сака војната во Украина да заврши што е можно поскоро.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во четвртокот изјави дека Путин ќе ја поздрави поканата на Трамп за средба, но истакна дека досега немало официјално барање.

„Посоодветно би било да се почека Трамп прво да ја преземе функцијата“, рече Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Трамп може да одигра одлучувачка улога во исходот на војната во Украина и, како што рече, да помогне „во запирањето на Путин“.