1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин го поддржува кинескиот „мировен план“ за Украина

СН/агенции
15 мај 2024

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју изјави дека го поддржува кинескиот план за мирно решавање на украинската криза и оти Пекинг многу добро ја разбира заднината на кризата.

https://p.dw.com/p/4frZf
Рускиот претседател Владимир Путин од утре ќе престојува во официјална посета на Кина
Рускиот претседател Владимир Путин од утре ќе престојува во официјална посета на КинаФотографија: EPA/RAMIL SITDIKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL

Пред  утрешната (16 мај, 2024) посета на Пекинг, рускиот претседател Владимир Путин го коментирараше кинескиот план од 12 точки за решавање на конфликтот во Украина. „Позитивно го оценуваме пристапот на Кина за решавање на украинската криза“, рече Путин, според транскриптот на руски јазик од разговорот со кинеската новинска агенција Шинхуа објавен на веб-страницата на Кремљ. „Во Пекинг навистина ги разбираат причините за кризата и нејзиното глобално геополитичко значење.“

Ова, како што наведе, се рефлектира во „позицијата на Кина за политичкото решение на украинската криза“, предлогот од 12 точки кој Кина го претстави во февруари 2023 година и четирите принципи за мирно решение на украинската криза кои неодамна ги предложи кинескиот претседател, Ши Џинпинг.

Претседателите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Ши Џинпинг за време на нивната последна средба во Пекинг во октомври, 2023
Претседателите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Ши Џинпинг за време на нивната последна средба во Пекинг во октомври, 2023Фотографија: Sergei Guneyev/Pool/picture alliance

Тие принципи, прецизираше Путин, се засноваат на идејата дека треба да се откажеме од „менталитетот на Студената војна“ и да обезбедиме безбедност и почитување на меѓународното право и Повелбите на ОН во целост и меѓусебна поврзаност. „Никогаш не сме одбиле да преговараме. Бараме сеопфатно, одржливо и праведно решение на овој конфликт преку мирен пат. Отворени сме за дијалог за Украина, но таквите преговори мора да ги земат во предвид интересите на сите земји вклучени во конфликтот, вклучувајќи ги и нашите“, рече рускиот лидер.

Пред повеќе од една година Кина претстави документ од 12 точки во кој се наведени општите принципи за завршување на војната без навлегување во детали. Во тоа време наиде на млак прием и во Русија и во Украина, додека САД рекоа дека Кина се претставува како миротворец, но дека го одразува „лажниот наратив“ на Русија и не ја осудува нејзината инвазија.