1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Кичево ќе се произведуваат електрични батерии за возила

22 мај 2023

Инвестицијата од белгиската компанија „Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места.

https://p.dw.com/p/4RfbO
„Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника.
„Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника.Фотографија: Government of North Macedonia

Белгиската компанија „Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ (АБЕЕ) ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Договорот за реализација на инвестицијата денеска (22.05) во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Нешин Омар, а на церемонијата на потпишување присуствуваше и македонскиот министер за економија Крешник Бектеши.

директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Нешин Омар
Договорот во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Нешин ОмарФотографија: Government of North Macedonia

Компанијата АБЕЕ е брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии, информираше Деспотовски и нагласи дека „севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе“, потенцира Деспотовски.

 Крешник Бектеши
На церемонијата на потпишување присуствуваше и македонскиот министер за економија Крешник БектешиФотографија: Government of North Macedonia

Кадарот кој што ќе биде вработен во фабриката во Кичево ќе помине на процес на обука за воведување на нови технологии и примена на високо технолошки работни процеси, кои што ќе се имплементираат во фабриката на АБЕЕ во Кичево.

Сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар, рече дека е убеден оти фабриката ќе придонесе за економски раст на Северна Македонија: „Овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ и е потврда на нашата заложба за изнаоѓање на технолошки иновации и решенија за енергетска одржливост. Убедени сме дека оваа фабрика ќе придонесе за економскиот раст на Северна Македонија и уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за батериски менаџмент системи“, рече Омар.

АБЕЕ е белгиска брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии
АБЕЕ е брзорастечка компанија која вложува во напредни технологииФотографија: Government of North Macedonia

„Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производството се планира да започне во 2024 година, а производниот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно.