Во Германија недостигаат половина милион стручњаци
12 август 2022Во периодот од јули 2021 и јули 2022 година во Германија недостигале над половина милион стручњаци, се вели во студијата на Институтот за германска економија Келн (ИВ).
Најголем недостиг во изминатите 12 месеци има во делот на социјалната работа. Таму непополнети се 20.578 работни места, што претставува рекорд, констатира ИВ. „Овие стручњаци, на пример, недостигаат во делот на советници при барање работа, потоа во делот на школска социјална работа, во домовите за млади, деца и стари лица, или во советувалиштата за зависници, каде на луѓето им е неопоходен личен придружник за да ги совладаат социјалните проблеми“, пишуваат авторите на студијата.
Слично голема „дупка“ има и во делот на воспитувачи, каде непополнети се 20.500 работни места. „И тука недостигот од стручњаци бележи рекорд“, се вели во студијата. Во сферата на нега на стари лица непополнети остануваат 18.279 места, во здравствената нега - 16.839, а отворени се и 16.974 места за електричари во градежништвото.
Со сѐ поголеми проблеми се соочуваат и компаниите кои се занимаваат со санитарии, парно греење и клима уреди. Во изминатите 12 месеци таму во просек непополнети останале 14.013 места.
- повеќе: Барања за поедноставни правила за доселување стручна работна сила во Германија
Голема потреба има и за информатичари (13.638 места), физиотерапевти (12.060), техничари за товарни возила (11.711) и возачи на товарни возила (10.562).
- повеќе: Во Германија виза за работа добиле 13,5 илјади луѓе со македонски пасош
Кај возачите ИВ смета со натамошно заострување на ситуацијата, поради тоа што вработените во оваа бранша во моментов се „натпросечно стари и недостига подмладок“.