1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вевчани - потенцијална зелена дестинација за светот

Ана Арсеновска-Зафирова
4 ноември 2023

Вевчани влезе во натпреварот на 100 најуспешни приказни на Зелени дестинации во светот и ја мина првата селекција! Во понудата за туристите стојат културното наследство, традицијата и кулинарството, но тука се и можностите за планинарење, алпинизам, велосипедизам и зимски спортови. Која е тајната на „Вевчани Грин“?

https://p.dw.com/p/4YMxD

Јован Јовановски, алпинист, сопственик „JJ adventures“, еден од „Зелените бизниси“ во Вевчани, вели:

„'Вевчани Грин' за мене претставува можност за пазарите кои претходно не сме можеле да ги придобиеме претходно и клиентите да дојдат да нѐ посетат овде. Туристите кои доаѓаат во Македонија имаат многу ниски очекувања, затоа што тоа за нив е непознато, но си одат од тука полни со незаборавни искуства, кои ќе ги паметат цел живот.“

Вевчани
ВевчаниФотографија: Z. Manevski/DW

Вевчани ја помина првата селекција на 100 дестинации на платформата „Green destination“.

Засега постојат над 500 зелени дестинации во светот. Во регионот се Тиват, Требиње, Коњиќ, Меѓумурје...

Што нуди Вевчани како зелена дестинација, во видеото!