1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОбразованиеГлобално

Вештачка интелигенција во наставата: каде е границата?

Аргнеса Хаџијај
9 октомври 2023

Вештачката интелигенција го менува образовниот систем и ги тера образовните институции да го преиспитаат начинот на кој ги учат и оценуваат учениците. Прашањето што се поставува сега гласи: како можат универзитетите да обезбедат нивните студенти да ја користат вештачката интелигенција одговорно во своја полза?

https://p.dw.com/p/4X3vu

Во светот кој брзо се развива, технолошкиот развој е незапирлив. Една таква иновација е ChatGPT, која го менува образовниот систем. ChatGPT користи интернет податоци за да одговара на прашања, да извршува задачи и да генерира текстови слични на човекот. Тоа значи дека студентите сега може да имаат некаква „помош“ за универзитетските задачи. Но, дали ја користат?

Студентката на Приштинскиот Универзитет, Влера Селманај, вели:

„Што се однесува до ChatGPT, не ja користам често, бидејќи сè уште го користам стариот метод на истражување, што ми помага да најдам информации.“

Косовскиот студент Леурит Бериша, пак, ja користи:

„ChatGPT моментално ми помага да најдам материјали за учење кои потоа ги користам за семинарски работи, студии и.т.н.“

Иако може да го поедностави процесот на учење, се јавуваат сомнежи за злоупотреба и автентичност на информациите. Се проценуваат добрите и лошите страни. Албан Зенели, професор на Приштински Универзитет, објаснува:

„На студентите им сугерираме да го користат, да го препознаат како технолошки развој и да се користи за скратување на некои процеси. Порано, да речеме, требаше да бараме на 2-3 веб-страници за да потврдиме некои податоци, додека денес можете да ги имате податоците во една реченица и одговор. Меѓутоа, проблемот е што тие информации често зависат од податоците внесени во базата на податоци со која работи четботот и во оваа смисла честопати може да бидат неточни.“

Професорите сугерираат дека тековно менторство на работата на студентите од нивна страна, може да биде чекор кон одговорно користење на вештачката интелигенција:

„Најдобар начин е професорите да работат континуирано со своите студенти, за да знаат во која фаза е нивната работа, кои извори ги консултирале и каква методологија користеле“, нагласува Зенели.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема