Реклама
Со 388 километри должина и речен слив од приближно 25.000 км2, Вардар е најголемата река во Северна Македонија. Најголемата гордост, опеана во песни и преданија, се соочува со еколошка катастрофа! Низ Вардар тече загадена вода, коритото е уништено, на неговите брегови виреат депонии, а жив свет во реката речиси и да нема. Во Вардар завршуваат фекалиите од градовите и селата, индустриските отпадни води. Во Вардар се фрла ѓубре од секаков вид, градежен шут. Неговото корито се уништува со легален и нелегален ископ на песок и камен. Најголемиот проблем е што никој не знае какви сѐ отрови се испуштаат во реката, бидејќи квалитетот на водата се мери само по неколку одредени параметри.